Хуманитарните конвои кои чекаа во египетскиот град Ел Ариш се упатија кон граничниот премин Рафа со палестинската енклава Газа, соопштија претставници на хуманитарните организации, цитирани од АФП.
„Пристигнавме на терминалот и сега го чекаме следниот чекор“, рече Хеба Рашед, која ја предводи хуманитарната група Мерсал. Стотици други камиони се упатија по крајбрежниот пат на 40-километарското патување до Рафах, рекоа други службеници за помош.