Копија на нејзината мајка: Ќерката на Мадона прв пат прошета на модна писта

Ќерката на Мадона, Лордес Леон, со години се држи подалеку од очите на јавноста.

Сепак, како обожавателка на модата, исто како нејзината мајка, 21-годишната Лордес веќе традиционално оди на модната недела во Њујорк, но како гостинка.

Но, оваа година, токму на овој настан имала свој дебитантски настап на пистата.

Лордес ја носела ревијата за прилично екстравагнтниот бренд “Gypsy Sport’s”, и тоа нивната пролетна линија за следната година. На себе носела градник, направен од школки и ланчиња, искинати фармерки со многу висок струк, видливо црна долна облека и гломазни патики. Од модни додатоци носела минијатурни очила за сонце и зелени пердуви на косата.

Но, ова не е нејзино прво искуство во светот на модата. Имено, Лордес последните неколку години веќе се појавува во кампањите на познатите модни куќи и “high street” брендовите, како “Stelle McCartney” и “Converse”.

Инаку, Мадона има 6 деца, а Лордес е нејзината најстара ќерка. Освен биолошкиот син Роко и ќерката Лордес, Мадона посвоила четири деца од Република Малави, во источна Африка.