„Корупцијата ги загрозува основните права – аларм од Тасева“

Корупцијата директно ги загрозува основните човекови права – предупреди Слаѓана Тасева во „Ноќно студио“. Таа посочи дека граѓаните немаат еднаков пристап до здравство, чист воздух и економски ресурси, токму поради системската корупција.

Според неа, најголем проблем се таканаречените „темни бројки“ – случаи кои никогаш не се пријавуваат поради недоверба во институциите.

Тасева нагласи дека државата сè уште нема јасна слика за вистинскиот обем на криминалот, додека последиците ги чувствуваат граѓаните секојдневно – од загадување до неправичен пристап до услуги.