Владата на Косово денеска донесе одлука дека таксите на српските производи ќе се зголемат за 100 насто. Оваа мерка ја предложи министерот за трговија и индустрија Ендрит Шала, а била прифатена од страна на премиерот Рамуш Харадинај.
„Оваа одлука стапува на сила веднаш, а косовските институции мораат веднаш да ја спроведуваат“, рече Харадинај.
Во предлогот на зголемување на таксите се наведува дека косовските производители се соочуваат со различни „нецарински бариери“, односно косовските производи не може да се најдат на српскиот пазар.
Српските власти, пак, оваа одлука ја нарекоа еден вид „одмазда“ за вчерашното одбивање на Интерпол да го прими Косово како негова членка. Властите во Косово, пак, се жалеа дека тоа е „масло“ на Србија која лобирала земјата да не биде примена како нова членка на меѓународната полициска организација.