Костадинов: Немам коментар, ова е трагедија за СДСМ

Во екот на објавувањето на првичните неофицијални резултати од локалните избори, кои укажуваат на тежок пораз за Социјалдемократскиот сојуз, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, даде кратка изјава за 4NEWS.mk, но мошне силна изјава со која ја отслика состојбата во неговата партија.

На прашањето да ги коментира изборните резултати, Костадинов беше лаконски:

„Немам коментар, ова е трагедија за СДСМ.“

Неговата изјава доаѓа во моменти кога првичните бројки покажуваат дека СДСМ губи голем дел од досегашните бастиони, што наговестува еден од најслабите изборни резултати за партијата во нејзината историја.