Македонија

Костадинов по оставката на Даскаловски: „Гласот за промени конечно се слушна, Струмица има шанса да се консолидира“

Костадинов по оставката на Даскаловски: „Гласот за промени конечно се слушна, Струмица има шанса да се консолидира“

Екс градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, ја поздрави најновата одлука за промена на челната позиција во Општинската организација на СДСМ во Струмица, нарекувајќи ја како „прв, но важен чекор“ кон неопходните реформи.

Реакцијата на Костадинов доаѓа непосредно по објавата на досегашниот претседател Марјан Даскаловски дека се повлекува од функцијата. Според градоначалникот, овој потег е сигнал дека внатрепартиските критики и барања за корекции конечно вродиле со плод.

„Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира!“, напиша Костадинов на социјалните мрежи.

Тој потенцираше дека партијата на локално ниво повеќе нема време за чекање и тактизирање, туку дека е потребна итна и конкретна акција на терен за враќање на разнишаната доверба кај граѓаните.

„Време е за нова енергија на терен и враќање на довербата, но и со програма на реална основа!“, дециден е Костадинов.

Се очекува во наредниот период СДСМ Струмица да го објави името на новиот вршител на должност кој ќе ја води организацијата во пресрет на локалните избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни