Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.

Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа интерес за продлабочување на соработката помеѓу двата уставни судови преку организирање на билатерални средби и учество на конференции од значајни теми во областа на уставното право.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното