Костовски до оџа: Проповедај за исламот, не за кого да се гласа!

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес жестоко реагираше поради, како што тврди, повик на оџа на петочната џума во џамијата во Бутел 2 да се гласа за друга политичка партија наместо за него бидејќи бил Македонец.

„Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2.  Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Aлбанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел) Што ти пречи Оџа ??“, вели Костовски.

Тој додава дека народот сака развој, проекти, и иднина за нивните деца.