Костовски за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното