Коцевски: Истрагата за Артан Груби е при крај, чекаме само екстрадиција – „немаме информација каде е бидејќи не е наша надлежност“

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 вечерва посочи дека истрагата за екс првиот вицепремиер Артан Груби е при крај.

Како што вели, истата е речиси завршена, а се чека единствено на негова екстрадиција.

Според него, сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но немаат информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.