Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи вели дека државниот обвинител Љупчо Коцевски го загубил легитимитетот и кредибилитетот да ја извршува функцијата.
Според него, треба веднаш да биде сменет.
-Владеењето на правото и интегритетот на институциите се клучни во едно демократско општество, истакнува заменик-претседателот Фетаи.
Тој нагласува дека главните причини за разрешувањето на Коцевски се лошото управување со Јавното обвинителство, прекршувањето на обврската за зачувување на тајноста на постапките и нарушувањето на угледот на институцијата и на личниот интегритет на обвинителот.