Коцевски: Задржани се 14 лица за кои ќе се бара притвор вклучувајќи го и ексминистерот Бектеши

На денешната прес-конференција, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, вели дека кај најголемиот дел се испитува дали тие сториле кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и дека одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите

„Предвидена е казна од најмалку три години, а казната може да се движи до 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства“, рече Коцевски.

Тој вели дека се задржани 14 лица во полициските станици, кои се осомничени и за сите ќе се бара притвор, вклучувајќи го и ексминистерот Крешник Бектеши. Сега, може да се одреди само 48 часовен притвор, а тој по отворање на истрагата, односно по 48 часа, да има и 30 дневен притвор.

Инаку, Коцевски изјави дека и Љупчо Папазов, градоначаникот на Кочани кој сабајле даде оставка е во Обвинителството и дава изјава за трагичниот настан со дискотеката.

Тој додаде дека „полицијата е овластена да уапси секого, без разлика на последицата, а кој допринел со неговото однесување“.

За лицата кои се во тешка здравствена состојба, а се осомничени, постапката ќе продолжи штом тие бидат подобро.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното