Ковачевиќ: СДСМ не прави ништо за загадениот воздух

Виолета Ковачевиќ од ВМРО ДПМНЕ, денеска пред Владата на Република Македонија одржа говор во кој ја нападна сегашната власт дека не се грижи воопшто за загадениот воздух, и дека ништо не исполнува од она што го ветила во кампањата.

„Криминалната влада на Зоран Заев има пари за СЀ само за потребите на граѓаните НЕ.

СДСМ од опозиција ВЕТУВАШЕ: Зголемување на инвестициите за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот. Човекот кој дрско одеше и ветуваше квалитетен амбиентален воздух, СЕГА, на крај памет не ја става животната средина како една од приоритетите на граѓаните.

Две години подоцна, откако Зоран Заев ги изманипулира граѓаните, наместо за подобрување на квалитетот на воздухот, парите на граѓаните ги троши на милионски тендери во четири очи, за набавка на луксузни производи, цвеќиња за владата од 670 илјади евра, кафе за 40 илјади евра, морам да ги споменам и фантастичните 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти.

Од друга страна, Мерните станици за квалитетот на воздухот на повеќе локации не функционираат, а во буџетот нема пари за нови.

Но, владата треба да знае дека  тоа што на места нема мерни станици не го менува фактот дека воздухот е загаден.

Град Скопје, а и други градови од внатрешноста, кои минатата година уриваа рекорди во загаденост на воздухот,  ниту оваа зима нема да ги заобиколи овој проблем, бидејќи власта не направи ништо од тоа што го ветуваше.

Министерството за животна средина,  кое е најповикано во однос на овој проблем, година и пол НЕМА НАПРАВЕНО НИШТО за животната средина, нема активности, нема нови проекти, а дури и голем дел од планираните проекти се одложени“, рече Ковачевиќ.

 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното