По реакцијата на Здружение на новинари на Македонија во Предлог – Законот за клевета и навреда да се избрише дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење”, денеска од Штип и премиерот Димитар Ковачевски со став дека оваа формулација не е добра и треба да се тргне.
-Вчера видов коментари во однос на тоа законско решение, кое е во надлежност на Министерство за правда. Министерство за правда веднаш реагираше, инаку самото законско решение е предложено низ инклузивен и консултативен процес, заедно со претставници на ЗНМ и на други институции. Исто како и Министерството за правда, коешто веќе го соопшти ставот и јас се согласувам со тој став дека таа формулација не е добра и треба да се тргне, вели Ковачевски.
Смета дека отстранувањето на оваа формулација во Законот за клевета и навреда ќе се направи во најбрз можен рок.