Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил пишува дека разговарал телефонски со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Тој додава дека го информирал Касами за тоа дека Владата ги ставила на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово.
„Остануваме во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот.Се придружувам на неговиот апел и ги повикувам сите граѓани на Тетово и на околните места да се придржуваат до препораките за лична заштита“, додава Ковачевски.