Македонија

Ковачевски на средба со папата Франциск: „Се согласивме дека oваа плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму“

Ковачевски на средба со папата Франциск: „Се согласивме дека oваа плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму“

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави фотографии од денешната средба со папата Франциск.

„Огромна е честа и задоволството да ја предводам владината делегација денеска во Ватикан. На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, ја изразив благодарноста за неговата посета на нашата земја во 2019 година“, пишува Ковачевски.

Премиерот вели дека се разговарало за повеќе теми од заеднички интерес меѓу кои и за одличните дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Ватикан.

„Се согласивме дека oваа плодна соработка со Ватикан ќе продолжиме да ја продлабочуваме и понатаму“, додава Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни