Премиерот Димитар Ковачевски попладнево учествување на панел во рамките на Бледскиот стратешки форум и кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома.
„Шетајќи низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, сите келнери доаѓаат од таму бидејќи тука платите се повисоки. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Евроспката унија, но дома, не надвор“, кажа Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.
Ковачевски кажа дека постои фрустрација кај граѓаните поради постојаните блокади на држвата.
„Има истражување кое покажува дека 80 проценти од граѓаните се за европска интеграција, а истовремено 80 проценти се против блокадите кои доаѓаат една по друга. Овие блокади доаѓаат од земји членки кои се користат за нивната домашна политика, а не за Европската унија“, додаде Ковачевски.