Премиерот Димитар Ковачевски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го осуди отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ со тоа име.
Според Ковачевски, тоа е провокација.
„Прво јас го осудувам отворањето на тој културен центар со такво име, иако го имаат отворено граѓани на нашата држава. Сметам дека е тоа провокација која никому не му носи добро. Сметам дека отворање на културен центар треба да носи име на некој што зближува, а не на некој кон кој што граѓаните имаат негативни чувства“, вели Ковачевски.