Првиот полицаец не открива детали од истрагата за бројните кражби на автомобили во скопската општина Чаир. Жителите на општината реагираат на бројните автомобилски кражби,а таргет според последните информации се автомобилите марка Голф 5.Министерот за внатрешни Спасовски, убедува дека се преземаат сите потребни мерки
„Имаме сериозен напредок во истрагата и за тоа наскоро ќе биде информирана јавноста во однос на тоа што значи кражба на автомобилите.“, рече Спасовски.
На новинарско прашање зошто досегашните акции на полицијата за сузбивање на ваквите појави не вродиле со плод, Спасовски одговори дека наскоро јавноста ќе биде запознаена со сите детали
„Имате сосема погрешна информација не знам од каде и што. Таа истрага се води и реков дека наскоро ќе биде известена јавноста и ќе бидете запознаени со секој еден детаљ.Меѓутоа дозволете истрагата да не ја водиме преку медиумите туку преку службите и надлежните органи. Само така има успех.“, рече Спасовски.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу вели дека тие немаат директни ингеренции за решавање на овој проблем.
„Затоа и бараме во фазите на децентрализација да имаме и локална полиција за таа цел. Сега сме на тој пат, подготвуваме и закони со централната власт, кои треба да поминат во Собрание. До сега ние не седиме со скрстени раце, во комуникација сме со началникот на полицијата, евидентирани се сите случаи.“, вели Ганиу.
Ганиу повтори дека полицијата има индиции за ваквите случаи. Информираше дека надлежните имаат добиено снимки од камери од улици каде што има банки, продавници и друго , но за повеќе информации во врска со истрагата упати на МВР.
Инаку според последните информации само во првите 20 дена од овој месец украдени се 4 автомобили марка Голф 5 на територија на општина Чаир .
The post Кражби на Голф 5 во скопски Чаир, надлежните уверуваат дека не седат со скрстени раце appeared first on TV21.mk.
