Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето на новинарите во Москва дали Русија поставува некакви услови за таква средба, Песков рече дека „единствениот услов е взаемен интерес за средбата“.
„За ова не се потребни никакви услови. Потребна ни е взаемна желба и политичка волја да водиме дијалог и да ги решиме постоечките прашања преку дијалог“, рече Песков.
Тој посочи дека Москва ја поздравува намерата на новоизбраниот американски претседател проблемите да ги решава преку дијалог.
Песков, исто така, рече дека претставниците на Трамп се уште не посегнале до руската страна, но дека може да следат контакти по неговата инаугурација.