Крешник Бектеши од полициска станица Карпош однесен на распит во Кочани

Попладнево од полициската станица Карпош за Кочани е однесен поранешниот министер Крешник Бектеши.

Тој од вчера беше на распит во Карпош, сега, како што пренесува телевизија Канал 5 ќе биде транспортиран во Кочани, на распит кај судија на претходна постапка.

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители, кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“, иако немала никакви услови за тоа. Во неа загинаа 59 млади луѓе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното