Македонија

Крива Паланка во велигденско руво: Уникатна декорација и празнична магија на градскиот плоштад

Крива Паланка во велигденско руво: Уникатна декорација и празнична магија на градскиот плоштад

Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, Крива Паланка започнува со богата програма и уникатно декорирање кое ќе донесе радост и убаво расположение кај сите генерации.

Градскиот плоштад и кејот на Крива Река се разубавени со раскошни цветни леи, внимателно аранжирани декорации и автентични велигденски реквизити, кои создадоа посебна празнична атмосфера и предизвикаа насмевки кај помладите, но и кај повозрасните минувачи и посетители.

„Нема поубава глетка од тоа да ги гледаш своите сограѓани среќни. За првпат оваа година, Крива Паланка доби уникатна претпразнична велигденска декорација, која разбуди убаво расположение и донесе радост и насмевки кај сите минувачи“, изјави градоначалникот.

Оваа претпразнична убавина е уште еден пример за грижата на Општина Крива Паланка за убавината на градот и доброто расположение на своите граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни