ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија со седиште во Скопје и против С.С.(47) од Куманово, вработен во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тие не постапиле според прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа, ги прекршиле техничките правила за мерките за заштита поради што на 30.08.2025 на ниви во атарот на селото Мал Папрадник настанал пожар и бил доведен во опасност животот и имотот на населението.
Читај и ова:
- 1.На 97 години е кандидат за советник во општина Битола
- 2.Наставник од основно училиште во Кисела Вода истепал ученик!
- 3.Над 410 л/кв.м дожд: Царево бара помош од војската, отвора сметка за донации за настраданите
- 4.Судот го одобри во целост обвинението за трагедијата во Пулс: Почнува патот кон судска разврска за 62 жртви
- 5.Се судриле со возилата во Прилеп па почнале да се расправаат – едниот возач извадил нож и го прободел другиот!