Криза во германскиот воздушен транспорт, избувнува бунт: „Германија е болниот човек на Европа“

Таксите за цивилно воздухопловство во Германија би можеле да се намалат за 30 проценти ако државата ги преземе трошоците за контрола на воените авиони, изјави во понеделник шефот на германското здружение за воздухопловство (BDF).

Ова е вообичаена практика во другите европски земји, изјави претседателот на BDF, Петер Гербер, кој е и извршен директор на Кондор, на митингот на аеродромот во Франкфурт.

Секторот се жали на државните такси за кои вели дека се дуплирале од 2019 година, значително зголемувајќи ги цените на билетите и намалувајќи ја побарувачката.

Авијацијата како „болниот човек на Европа“

Герберија е „болниот човек на Европа“ кога станува збор за авијацијата, рече Гербер, повикувајќи го Берлин прво да ја повлече одлуката за зголемување на таксата за воздухопловство за која новата влада се согласи во коалицискиот договор. Одлука за зголемувањето сè уште не е донесена, забележа агенцијата ДПА.

Таксите за контрола на воздушниот сообраќај се исто така превисоки, истакна Гербер.

Шефот на човечки ресурси на Луфтханза, Михаел Нигеман, предупреди дека важните германски индустриски региони ги губат врските со глобалната економија поради овие трошоци.

Луфтханза ги преиспитува домашните линии

Луфтханза ги преиспитува плановите за нови домашни линии од своите центри во Франкфурт и Минхен бидејќи тие би биле загуби, потврди Нигеман.

Тој, исто така, ја повика владата во Берлин да се залага за фер конкуренција на европско ниво и да ја признае стратешката важност на воздухопловството во глобалната конкуренција.