Пет членови на исто семејство се убиени во пукање во Сан Диего во САД.
Меѓу жртвите се и три деца.
Според овие наводи, едно дете се уште се бори за живот во локалната болница.
Кога полицијата упаднала во куќата, на подот затекнала дете целото во крв, а потоа пронашле уште неколку ранети.
Дете (3), жена (29) и маж (31) се прогласени за мртви на самото место, а две деца на возраст од 5 и 9 години починале во болница.
11-годишно дете се бори за живот.
Се верува дека убиецот е меѓу починатите. Соседите слушнале кавга и пукање па повикале полиција.