Крвава пресметка во Елбасан, убиени три лица во возило во движење

Во вооружен напад на возило во движење во албанскиот град Елбасан, убиени се три лица. Меѓу убиените еден е странец, а двајца албански држвјани.

Инцидентот се случил синоќа нешто после 21 часот. Според информациите од Албанија, три лица со калашњикови отвориле оган врз возилото кое претходно го следеле.

На самото место е убиен државјанин кој поседувал пасош на Турција, а во Албанија влегол во петокот. Тој починал на лице место, а другите две лица им подлегнале на повредите на пат кон болница.

Познат е идентитетот на двајцата починати. Станува збор за 34-годишниот Ендрит Алибеај и 25-годишниот Арбент Дилѓери кои живееле во странство, а дошле во Елбасан за прослава на новогодишните празници. Возилото било со италијански регистарски ознаки.

Полициски сили се распоредени секаде низ градот барајќи ги сторителите на ова дело. Се вршат засилени контроли по куќи и автомобили со цел да бидат најдени убијците.

Извор: ТВ21