Кумановската група да се испрати во „Идризово“, Артене Исени со писмо до државните органи и амбасадите

Кумановската група да биде префрлена во затворот Идризово, бара адвокатката на обвинетите Артене Исени. Таа испрати писмо до државните институции и странските амбасади во земјава.

Според неа, Управата за извршување на санкции и Дирекцијата на Затворот „Шутка“, неправедно и незаконски не ја спровеле судската одлука за преместување, и покрај роковите предвидени со закон. Ова, како што вели адвокатката Исени, е целосно неприфатливо и носи кривична одговорност за сите службени лица, кои ги злоупотребуваат и кршат правата загарантирани со закон на осудените лица.

Се вчитува...

Исени вели дека досега не добила никаков одговор од надлежните институции. Инаку, кумановската група, обвинета за вооружената пресметка во Диво Насеље почна штрајк со глад во затворот Шутка.

Извор: ТВ21