Говорот на кумот е една од најважните работи на многу свадби, бидејќи често служи за забавување на гостите пред да пристигне храната.
Еден кум на своја кожа научил дека е подобро некои работи воопшто да не ги изговори, со оглед на тоа дека морал да ја напушти свадбата,
Како што посочил и тој за „Мирор“, поминал доста време подготвувајќи говор, дури го учел и на памет, а бидејќи не знаел ништо за деверушите бидејќи не ги познавал лично, го прашал младоженецот кој му советувал да каже нешто на памет тој ден.
Кога дошол и тој ден, кумот се чувствувал полн со самодоверба и се било добро се додека не требало да каже нешто за деверушите, па се одлучил да биде духовит.
„Деверуши, краток сум со време и не ве познавам, па само би кажал дека пет од вас изгледаат преубаво… Одлучете меѓу себе која не изгледа така“, истакнал кумот, но наместо смеење настанала тишина.
За ситуацијата да испадне уште полоша, една од деверушите започнала да плаче.
„Не мислев ништо од тоа. Зборував глупости. Кога отидов да се извинам, сфатив дека една од нив навистина не е толку убава и да е забележливо помалку привлечна од останатите“, објаснува кумот и додава дека невестата му кажала дека е најдобро да си замине, а со ова се сложил и младоженецот.
Кумот се извинил и на својот Фејсбук профил, но единствен одговор кој го добил бил навреди од бабата на невестата.
