Свет

Купиле евра преку ТЕМУ па ги користеле на пазари, во продавници и за такси: Полицијата во Словачка покрена истрага против мајка и две деца!

Купиле евра преку ТЕМУ па ги користеле на пазари, во продавници и за такси: Полицијата во Словачка покрена истрага против мајка и две деца!

Фалсификувани банкноти се појавија на популарен пазар за употребувана роба во Комарно, јужна Словачка, а полициската истрага ги доведе до мајка и нејзините две возрасни деца. Според извештаите, парите биле набавени преку апликацијата „Тему“ од Кина, објави Новини.ск.

Инцидентот се случи во недела, во непосредна близина на градската полиција, кога 70-годишната продавничка била шокирана откако еден клиент ѝ платил со фалсификувани евра за купените производи.

Властите наскоро ги идентификуваа 49-годишната Марија, нејзината 22-годишна ќерка Ержебет и 19-годишниот син Марио. Тие преку мобилна апликација нарачале 400 фалсификувани банкноти од 20 и 100 евра. Банкнотите биле со иста големина како оригиналите и дури намерно оштетени за да изгледаат автентично.

Иако банкнотите имаа отпечатен натпис „КОПИЈА“, Марија и нејзините деца успеале да ги користат на пазари, во продавници и за плаќање на такси. Полицијата заплени 16 банкноти, вклучително и некои што веќе биле ставени во оптек, а според Марија, останатите биле изгорени.

Портпаролот на локалната полиција потврди дека е покрената истрага за употреба на фалсификувани пари, при што законот предвидува затворска казна од две до осум години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни