Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави процесот на уставни промени и вечерва испрати честитка.
„Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија“, напиша Курц.