Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес конференција порача ЕСМ да го повлече барањето за поскапување на парното во Скопје.
„СДСМ бара ЕСМ да го повлече барањето и власта да се откаже од намерата за поскапување на парното. Поскапување на парното би било уште еден удар врз стандардот на граѓаните. Од друга страна е лошо и во однос на загадувањето на воздухот. Власта треба да ја намали цената на парното за да ги стимулира граѓаните да се вратат и повеќе да се приклучат на парно. Тоа ќе биде мерка којашто ќе влијае на намалување на загадувањето но и на намалување на цената на парното со вклучување на повеќе корисници“, вели Кузеска.