„Имаше недоразбирања помеѓу министерот Коѕијас и премиерот Ципрас веќе една година, и недоразбирањата станаа уште посериозни кога министерот Коѕијас рапортираше за отстранувањето на двајца руски дипломати. Значи не е тоа што се пренесува од медиумите дека Каменос или лидерот на партијата, Независни Грци , на екстремистите, како една победа што го разрешија, туку стануваше збор за разрешување од страна на Ципрас. Бидејќи Никос Коцијас, презентирал извештаи дека Грција станува лидер на балканските дипломатии во Турција, Косово и Албанија, што не е вистина. Коѕијас злоупотребувал и фондови, тајни фондови во преговорите кои ги склучил во овие земји и во Македонија, дека некои дипломатски академии, кажал дека и во Грција некои дипломатски академии со македонски, албански дипломати, дека се согласуваат со препораките на Грција. Значи Коѕијас беше неуспешен во неговата надворешна политика, излегоа некои дипломатски тајни на Грција на површина…“
-Кога велите не успеа, мислите на внатрешните политики на Грција?
-Не, тој не успеа во решавањето на проблемите со Албанија, значи…
-Може да се каже дека е неуспех за албанскиот интерес, но за Грција тоа може да се смета за успех.
-Потфрли со Преспанскиот Договор, бидејќи тој доставил дипломатски извештај дека оваа работа ќе помине на референдум, тоа е неуспех, пропадна со тоа што достави извештај дека избркал двајца руски агенти, значи тоа е неуспех … Коѕијас пред 3 дена беше повикан од Грчкиот претседател, и таму се зборувало дека ова разрешување треба да изгледа како тој да поднел оставка, но не е така, тој беше разрешен.. И зад ова разрешување стои уништувањето на дипломатските односи со Русија, и во декември Премиерот на Грција ќе отпатува во Москва да се сретне со Путин, но предуслов за тоа беше да се разреши Коѕијас. Тој беше разрешен од страна на Ципрас, не поднесе оставка..