Лавина коментари: Рита Ора пееше обвиена со српско знаме, вели дека не видела чие е!

Албанската пејачка Рита Ора одржа концерт каде приреди необично изненадување на публиката.

Рита Ора неколку пати беше тема на медиумите, а овојпат нејзиниот гест на концертот беше протолкуван како непочитување на косовските Албанци.

Имено, пејачката во еден момент зела знаме кое и било дадено од публиката со кое се покрила, но дури подоцна сфатила дека тоа е српско знаме наместо унгарско.

„Синоќа додека настапував на фестивал во Унгарија, добив знаме од млад фан. Не можев јасно да видам која земја претставува знамето поради светлината што ми светка директно во очите на сцената. Штом заминав на сцената, сфатив дека е српско, а не унгарско знаме“, рекла таа и додала дека нема намера да не го почитува нејзиното наследство и дека е гордa косовскa Албанка, пренесува Vox News на албански јазик.

Клипот од концертот набрзо ги преплави социјалните мрежи, на воодушевување на многу коментатори.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното