Министерот за внатрешни работи на Русија Сергеј Лавров, во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, истакна дека уставните измени во Македонија биле наметнати со поткуп и уцена на пратеници. Тој зборуваше за состојбата на Балканот, а се осврна и на договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, велејќи дека е очигледна големата интервенција на НАТО и ЕУ во Македонија.
-Како што е познато, референдумот не успеа. И во таа ситуација Собранието на 19. октомври со уцени и поткуп на претеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, амбасадорот на САД кој е таму. Се прават интензивни напори процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Ваквото брзање и служи на Вашингтон за итно вклучување на Македонија во НАТО“, вели Лавров кој додава:
„Упорно ги ставаат земјите пред погрешна дилема, дали да бидат со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите дилеми носат дестабилизација на Европа, ја зголемуваат тензијата и поделбата“, рече Лавров.
