Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи информира дека до него стигнала информација дека жена од соседна земја доаѓа во Македонија на повик за да пораѓа жени во домашни услови.
Тој предупредува дека ваквата ситуација може да ги доведе во опасност родилката и новороденчето.
“Имам инфо дека акушерка од соседна држава доаѓа и пораѓа по дома во Скопје. Колеги од итна помош да бидат внимателни. Размислете многу добро дали ви е потребно да ризикувате цел свет да ви се сруши за нешто тотално неразумно и небезбедно, оваа држава има обезбедено родилишта целосно бесплатни, има приватни родилишта, не си играјте со својот и со живот на неродено дете”, напиша тој на Фејсбук.