Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги сподели своите првични импресии по драматичното реми 29:29 против Австрија на стартот од втората фаза на Светското првенство.
-Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во репрезентацијата владее добра атмосфера. Ќе се обидеме против Катар да одиграме на ниво и покрај проблемите со повредени и болни во нашиот состав, изјави Лазаров.
Македонските ракометари, и покрај предизвиците, покажаа борбеност и дисциплина на теренот.
До крајот на денешниот натпреварувачки ден, ќе се одиграат и другите две средби од првото коло во Групата 2:
Катар – Холандија (18:00 часот)
Унгарија – Франција (21:00 часот)