„Ова беше значајно искуство за нас. Треба да бидеме задоволни од вложениот труд и да извлечеме важни лекции за понатаму,“ изјави селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по поразот од Франција со резултат 32-25.
-Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Суперлига. Мора да сме задоволни, со една мала горчина дека можевме повеќе. Но, знаете, треба да верувате во тие работи, а ние не верувавме, истакна Лазаров по мечот.
Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот.