ТОПКА СЛАДОЛЕД РЕЧИСИ 250 ДEНАРИ! Македонците сакаат да летуваат тука, но се „спорат“ со цените

Еден гостин во Далмација платил 15 евра за четири топки сладолед и таа сметка крена бура во регионот.

Многу граѓани се уште се навикнуваат на поскапувањето на основните прехранбени производи поради зголемената инфлација што започна пред четири години со пандемијата на коронавирус. Еден турист останал шокиран во Дубровник поради цената на сладоледот.

Според објавената фактура, гостин од Далмација платил 15,60 евра за четири топки сладолед. Тоа значи дека секоја топка чинела 3,90 евра или близу 450 динари.

Според последните проценки на Државниот завод за статистика, годишната стапка на инфлација во Хрватска за мај изнесува 3,3 отсто. Според податоците на Евростат, растот на цените во Хрватска е втор најголем во еврозоната.