Утрово околу 9 часот две приватни училишта во Скопје, како и Музеј, добиле електронски пораки со закана за поставени експлозивни направи. Полицијата и надлежните служби веднаш реагирале и извршиле детални проверки, со кои било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од СВР Скопје потврдија дека сите потребни безбедносни мерки биле преземени навремено и дека нема никаква опасност за учениците и персоналот во објектите.
Истрагата за потеклото на заканите веќе е во тек. Секторот за компјутерски криминал и Секторот за тероризам, во соработка со меѓународни полициски служби, работат на утврдување на лицето кое ги испратило лажните пораки.