Лебот во Македонија во последните 5 години поскапел за 65%

Цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години, според податоците на Еуростат.

На првото место по поскапување на лебот е Унгарија, каде лебот поскапел за дури 113%.

После нејзе следува Полска со раст од 75%, а на третото место е Македонија каде е забележан раст на лебот од 65%.

Меѓу земјите со најголем раст на цената на лебот е Словачка (62%), Романија (55%), а потоа балтичките земји.

Во соседните земји, во Грција имало поскапување од 33%, Албанија 30%, Косово 45%, Бугарија 54%. Србија има раст на лебот од 39% во последните пет години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното