Ледено турско кафе со неодолив вкус: Идеално летно освежување, а лесно за подготовка

Доколку сакате турско кафе, тогаш овој напиток со интензивен вкус и едноставен рецепт е вистинскиот избор за вас.

Рецепт за ладно турско кафе
Состојки:

две полни лажички турско кафе
една чаша вода
една шолја млеко за кафе
крем и шеќер по вкус

Подготовка:

За да го подготвите овој напиток ќе ви треба уште малку време, за да можете да го направите првиот дел од подготовката наутро, за попладне да имате подготвен пијалок, пишува крузерот.

Загрејте ја водата да зоврие, додадете две полни лажички кафе, добро измешајте и вратете го на шпорет неколку секунди.

Свареното кафе оставете го да се излади. Кога пијалокот целосно ќе се излади, истурете го во сад за коцки мраз и ставете го во замрзнувач.

Откако ќе се замрзнат коцките, извадете ги од калапот и убаво изблендирајте за да останат мали парчиња мраз. Кон крајот на матењето, додадете млеко и блендирајте уште неколку секунди.

Готовиот пијалок истурете го во тесна висока чаша, додадете шлаг по вкус и уживајте.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното