За жестокиот конфликт меѓу Израел и Палестина кој веќе однесе илјадници животи проговорија бројни спортисти, а меѓу нив е и легендарниот хрватски кошаркар Анте Томиќ, кој предизвика вистинска лавина негативни реакции.
Тој објави илустрација на палестински деца со натпис „Генераре, пукаш во деца“ и линк до веб-страницата на организација на ОН која им помага на палестинските бегалци.
Ова предизвика жестоки реакции кај еврејската заедница, која ја преплави неговата објава на X, порано Твитер, со негативни коментари.
Generale, pucaš na djecu. 💔https://t.co/9n4CRnHfHr pic.twitter.com/DGYx3gQtmM
— Ante Tomić (@AnteTomic404) October 19, 2023
„Се прашувам каде беа вашите твитови со сочувство пред 12 дена по масакрот во Израел“, коментираше еден корисник, а Томиќ кратко одговори: „И двете се масакри. Емпатијата е еднаква“.
Во морето од негативни реакции, Томиќ беше наречен антисемит:
„Продолжи да ја криеш вистината, Анте Семитиќ“, напишал еден корисник, а други додаваат дека треба да се срами.