Лекарите со предупредување до повредените од Кочани: Не користете непроверени мелеми за изгореници од социјалните мрежи

Директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска денеска ги повика повредените пациенти во дискотеката во Кочани да одат на преврски во кочанската болница и да не веруваат на непроверени мелеми за изгореници.

„Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се, дали се стерилни или не. Апелирам, преврските да ги прават со тимот лекари кои ќе дојдат во Кочани во стерилни услови за да можеме инфекциите да ги сведеме на минимум“, вели Ѓоргиевска-Павловска.

Како што вели, во лекувањето изгореници, инфекции може да се појават во секоја фаза од зараснувањето поради што мора да се внимава на стерилни лекови и стерилни услови за преврски.

Според неа, тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирале дека во болницата во Кочани има услови за лекување на повредените пациенти, посебно на оние со изгореници од прв и втор степен но недостасува кадар, па затоа тим од Скопје ќе биде на располагање во Кочани.

„Наша цел е пациентите со помал степен на изгореници да ги префрлиме, да не доаѓаат на два – три дена во Скопје туку да може таму да доаѓаат на преврски. Во моментот пациентите од првиот и вториот пик се релативно стабилни и добри, без некои големи инфекции. Оние што се кај нас можам да кажам дека се веќе и целосно зараснати, зборувам за оние кои имаа изгореници од втор степен“, рече директорката Ѓоргиевска-Павловска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното