Забава

Лепа Брена прозбори за неверството на Боба Живојиновиќ

Лепа Брена во декември 1991 година се омажи за Боба Живојиновиќ, а во медумите често се пишува за нивниот брак.

Во една прилика нејзината изјава за неверството на нејзиниот сопруг крена огромна прашина во медиумите.

„Секогаш велам дека сексот е приказна која се продава многу евтино. За мене не е неверство сексуалното изневерување туку кога некој ќе те издаде како човек и кога некој ќе ја издаде твојата фамилија, изјави Брена во 2017 година.

Сега на прашањето, што не би му простила на Боба, дали е тоа некое неверство, пејачката одговори:

„Во денешно време не е толку важно неверството. Важно е да не ве издадат. Денес, суштински е важно некој да не ве изневери во животот, а некои глупости кои се зборуваат по естрадата и што е интерсно за медиумите, тоа не сакам да го коментирам,вели Брена за „Свет“.

Инаку, на 15 декември Брена ќе одржи концерт во Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни