Испечете вкусни компири на француски начин…
Состојки:
- 750 гр млади компири
- 2 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
Состојки за прелив:
- 1 чешне лук
- 70 мл маслиново масло
- 2 лажици сенф
- 2 лажици јаболков оцет
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици крупно сечкан свеж магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и исечкајте ги на половина, ако се однесува на помали компирчиња, а доколку имате поголеми пресечете ги на четвртини. Внимавајте да бидат од прилика со иста големина. Печете ги компирите во загреана рерна на 220 степени околу 20-30 минути додека не добијат златна боја.
Додека компирите се печат, направете прелив од сенф, ситно сечакн лук, масло, шеќер и јаболков оцет, така што сè ќе ставите во еден сад и ќе измешате додека не добиете изедначена смеса.
Печените компири ставете ги во сад за сервирање, прелијте ги со преливот, посипете со крупно сечкан свеж магдонос.
Добар апетит!