ЛЕТНА МАГИЈА: Домашен сладолед од ванила со шумски бобинки

Заборавете на купените верзии – домашниот сладолед од ванила со шумски плодови е неспоредливо повкусен и без непотребни додатоци.

Кремастата основа од павлака и жолчки совршено се вклопува со освежителниот овошен прелив направен од шумски плодови. Овој сладолед е идеален за секој што сака вистински домашен десерт без премногу компликации.

Состојки:

За сладоледот:

  • 4 жолчки од јајца
  • 120 г шеќер
  • 200 мл млеко
  • 420 мл слатка павлака

За преливот од шумски плодови:

  • 200 г шумски плодови
  • 80 г шеќер
  • ½ лажичка пектин или желатин
  • 1 лажица сок од лимон (или прстофат лимонска киселина)

Подготовка:

Матете ги жолчките со шеќерот додека не станат пенасти и лесни. Полека додадете го млекото, мешајќи постојано, и гответе сè заедно додека не зоврие. Вратете на тивок оган и мешајте додека не се згусне како тенок пудинг. Оставете да се олади целосно, потоа додадете го шлагот и добро измешајте. Истурете ја смесата во сад.

Вари го овошјето со шеќерот додека не омекне, додај го пектинот и сокот од лимон и гответе уште 1-2 минути. Измешај го со претходната смеса и стави го во замрзнувачот.