Од партијата Левица на прес конференција порачаа дека се посигурно е дека нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг.
„Останува дека нашиот кандидат за Град Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг исклучително сме задоволни од резултатите кои што ги постигнуваме и кои што континуирано се ажурираат. Имаме информации дека во Аеродром, Карпош, Кисела Вода сме втора партија, веднаш по ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ“, порачаа од партијата.