Лидл ја отвора првата подружница во Битола, познато кој ќе биде директор

„Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје“ официјално регистрираше подружница во Битола.

Новата подружница е впишана со назив „Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје – Подружница 1 Битола“, со седиште на улица Илиндeнска бр. 1Б во Битола. Како главна дејност е наведена неспецијализирана трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун (47.110).

За овластени лица на подружницата се назначени Рубјан Атанаcов Хаџиев и Стојан Тотев Минев, двајцата од Бугарија. Според решението, раководителите ќе ги извршуваат своите обврски заеднички, со врзан потпис.

Со оваа одлука, Лидл прави уште еден чекор во проширувањето на својата мрежа во земјава, по официјалната регистрација на друштвото во Скопје, отворајќи го патот за првите продажни објекти надвор од главниот град.