Во Скопје, на 19 јануари 2026 година во 21:00 часот, на територијата на општина Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје.
Според информациите од МВР, полициските службеници на бул. „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. При преглед на возилото, пронајден е пиштол со две рамки и вкупно 41 куршум.
По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

