Лица со попреченост од Неготино во Бугарија учеа да изработуваат сувенири од природни материјали. Станува збор за корисници на услугите на Дневниот центар за помош и поддршка на лица со ментален хендикеп, раководен од „Порака Неготино”.
– Се работи за проектот „Волонтери во акција“ преку Еразмус програмата. На обуката бевме заедно со учесници од Турција и Бугарија. Задоволни сме што за 22 дена престој таму, стекнавме ново искуство, нови пријатели и имавме прекрасно поминато време исполенто со дружење, прошетки и забава, рекоа за МИА од неготинската „Порака”.
Оттаму нагласија дека целта е да се откријат талентите на овие лица и со изработка и продажба на сувенири да се зголеми нивниот џепарлак, но и да се подобрат условите за престој.
Во Бугарија беа осум корисници и четворица вработени во Центарот.
